Назив на организацијата |
Фондација РЕГИОНАЛНА РАЗВОЈНА АГЕНЦИЈА НА ПЕЛАГОНИЈА- ПРЕДА, Прилеп |
Адреса |
Иво Лола Рибар 5, 7500 Прилеп, П. Фах 174 |
Одговорно лице |
Милена Димитровска |
Тел. |
047 221 580 ; Факс 047 203 818 |
Мобилен тел. |
075 235 934 |
e-mail на организацијата |
Preda@preda.org.mk; director@preda.org.mk |
Web страна на организацијата |
www.preda.org.mk |
Број на членови на организацијата |
1 |
Кратко резиме на организацијата(визија, мисија, цели и активности) |
- Цели на фондациата се: Економски развој и социјален просперитет на Пелагонискиот Плански Регион и негово меѓународно позиционирање како конкурентен регион на Балканот. Унапредување и промовирање на регионалниот економски и социјален развој во Пелагонискиот Регион и поддржување на траен економски и социјален развој во Пелагонискиот Плански Регион.
- Главни задачи заради остварување на целта на Фондацијата се: Изготвување на стратешки и плански документи за регионален развој и планови за имплементација; Учество во имплементација на стратешките и плански документи; Подобрување на квалитетот на човечки ресурси во регионот, преку организирање на програми за обуки, работилници, семинари, со посебно внимание на градење на капацитетите во општинските администрации;Изготвување на извештаи и планови во разни области и полиња поврзани со регионален развој; Подготовка и изработка на проекти и нивна имплементација; Обезбедување на професионални и консултантски услуги за потенцијалните инвеститори во Пелагонискиот Регион: Административна поддршка и помош за потенцијалните инвеститори во Пелагонискиот Регион; Стратешко партнерство при имплементација на стратешки планови и документи за развој на Регионот; Партнерство и поддршка при изработка и имплементација на проекти со релевантни јавни институции од областа на регионален развој; Обезбедување поддршка и соработка со меѓународни институции и организации при развивање и имплементирање на проекти од областа на регионалниот развој и други; Учество на домашни и странски програми кои подржуваат регионален развој; Реализација на проекти од регионален развој преку сите форми на соработка со релевантни инситуциии.
|