Назив на организацијата | Здружение – Меѓународен центар за уметност и одржлив развој АРТ ПОИНТ – ГУМНО со седиште во с. Слоештица, Демир Хисар |
Адреса | С. Слоештица, Демир Хисар |
Одговорно лице | Ирена Андреевска |
Тел. | 047/271 636 |
Мобилен тел. | 071/33 47 99 |
e-mail на организацијата | artpoint@t-home.mk |
Број на членови на организацијата | 5 |
Кратко резиме на организацијата(визија, мисија, цели и активности) | Кратко резиме на организацијата(визија, мисија, цели и активности) Нашите активности се фокусирани на уметностите, културата, грижа за животната средина и за локалниот економски развој на горно демир-хисарскиот регион.
Цели на Меѓународниот Центар за Уметност и Одржлив Развој “Арт Поинт – Гумно”: • реализирање на активности за афирмација на културата и заштита на традиционалното културно наследство • културно уметнички развој на регионот на горен Демир Хисар • развивање на активности за заштита на природните богатства и културната традиција • приближување на културата, уметноста и традиционалните вредности до младите • заштита и промоција на традиционалната уметност и старите занаети • развивање на агро-еко-туризам во регионот на горен Демир Хисар • развивање на активности во насока на воспоставување на одржлив локален економски развој (преку учество и поддршка на проекти и иницијативи за културен, економски, урбан, туристички и земјоделски развој) • развивање на соработка со државните органи и органите на локалната самоуправа, со домашни и меѓународни владини и невладини институции и организации и поединци кои имаат исти или сродни цели • културна размена со други меѓународни организации и поединци • Наше мото: Македонија во светот, светот во Македонија! |