Назив на организацијата | Здружение за едукација на деца и млади СЛОЖУВАЛКА |
Адреса | Ул. Ѓорги Стамов бр.04, 1480 Гевгелија |
Одговорно лице иточен назив на функција | Стамкова МагдаленаПретседател |
Телефон | / |
Мобилен телефон | 078 258 854 |
e-mail на организацијата | info@slozuvalka.org.mk |
Web страна на организацијата | www.slozuvalka.org.mk |
Број на лица кои активно работат во/за организацијата | 0 |
Кратко резиме на организацијата (визија, мисија, цели и активности) | Mисија та на организацијата, е преку инволвирање и поддршка од индивидуи, групи и непрофитни организации во Република Македонија, да ја подобриме едукацијата на децата и младите, како креатори на јавното мислење и пред се како граѓани на ова демократско општество, да го зголемиме нивното учество во донесување на општествено одговорни одлуки и да ја зголемиме нивната креативност.Цели и задачи:
• зголемување на самодовербата и волјата за учеството на младите луѓе во донесувањето на општествено одговорни одлуки и поттикнување на нивната креативност; • запознавање на младите со правата и обврските кои ги уживаат како граѓани на демократското општество и важноста на нивната улога како креатори на јавното мислење; • помагање на децата и младите при донесување одлуки, справување со секојдневните стресови, проблеми со комуникацијата во семејството и на училиште, проблеми во однесувањето и нивно советување да се вклучат во соодветно училиште и да го подобрат училишниот успех; • зајакнување на волонтеризмот и социјалната одговорност со цел да се намали постоечкиот дискриминаторен јаз помеѓу децата од урбани и рурални заедници како и поттикнување на заемна соработка; • подигнување на свеста за семејното насилство и сексуалната злоупотреба на деца и насочување кон соодветни институции за решавање на истите; • соработка со домашни и странски научни и стручни институции, организации и здруженија кои имаат исти или слични цели и задачи и теоретско и стручно усовршување на членовите на здружението во соработка со истите; • организација на јавни настани (трибини, јавни дебати, предавања, обуки, работилници) во областите во кои работи Здружението на кои ќе бидат издадени печатени информативно-едукативни материјали (флаери, брошури, билтени); • лобирање за изградба на објекти во интерес на децата и младите како и други активности за развој и поддршка на демократските вредности; • заштита на правата на членовите на Здружението.
|
Официјално лого на организацијата | да се достави по електронска пошта како посебен документ во .jpeg форма именуван како “LOGO_naziv_na_organizacija.jpeg” |