„ИДЕАС“ е проект на ИНТЕРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка “Грција – Северна Македонија, за програмскиот период 2014 – 2020”, финансиран од Европската унија и националните фондови на земјите учеснички, а го спроведува Фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии – Гевгелија, во партнерство со Американското земјоделско училиште - Колеџ Перотис од Солун, Грција и Мрежата за рурален развој на РСМ од Скопје.
Проектот се стреми да промовира претприемништво во земјоделството со цел да се креираат нови, одржливи агробизниси
Целта на проектот е да се идентификуваат, поддржат и започнат нови бизниси во земјоделско-прехранбениот сектор, кои имаат иновациски потенцијал и можат да станат мултипликатори кои ги искористуваат предностите и потенцијалите на регионот.
IDEAS се фокусира на паметно земјоделство и производство на квалитетна и безбедна храна.
Проектот обезбедува и поддршка за развој на сопствена бизнис идеја во земјоделско-прехранбениот сектор. За таа цел објавен е повик за учество во проектот и пријавување на иновативни идеи во земјоделско-прехранбениот сектор. 4 инфо сесии беа спроведени во Гевгелија, Валандово, Богданци и Струмица со цел присутните да се запознаат со целите на проектот и да се пријават на повикот за иновативни идеи во земјоделско- прехранбениот сектор.
Обуки за регулативи на ЕУ за здравје и безбедност на храна, системи за управување со HACCP и ISO 22000 преку проектот „IDEAS“ - Во рамките на предвидените активности за остварување на проктните цели,Мрежата за Рурален Развој на Северна Македонија спроведе и обука на тема “Регулативи на ЕУ за здравје и безбедност на храна, системи за управување со HACCP и ISO 22000”. Тродневната обука беше спроведена во период од 3-ти до 5-ти јули 2023 година. Целта на обуката беше да им обезбеди на учесниците сеопфатно разбирање за здравјето и безбедноста на храната, ЕУ регулативите кои се однесуваат на безбедноста на храната, HACCP принципите, стандардот ISO 22 000 и имплементацијата на ефективни системи за управување со безбедноста на храната. Обуката вклучуваше презентации, практични вежби и интерактивни дискусии.
За време на обуката, учесниците имаа можност да го посетат и објектот на Маби Трејд во Струмица, реномирана конзервна фабрика која целокупното производство го пласира на европските пазари. Оваа посета на учесниците им овозможи да стекнат искуство како се имплементира HACCP системот. Сведочејќи ја практичната примена на принципите на HACCP во работењето, учесниците стекнаа вредни сознанија за тоа како ефективни мерки за безбедност на храната може да се интегрираат во секојдневнатаработа, дополнително унапредувајќи го нивното разбирање и важноста за спроведувањето на HACCP.
Организација на обуки за стратешкии финансиски менаџмент, маркетинг и промоција, управување со ресурси и инвентар, мониторинг и анализа, преку проектот „IDEAS“ - Овие обуки опфаќаат теми како што се стратешки и финансискименаџмент, маркетинг и промоција, управувањесоресурси и инвентар, мониторинг, анализа и пишувањеизвештаи, кои се одржaa во Дојран од 12ти до 14ти октомври и од19ти до 21ви октомври 2023 година. Целта на обуката е да им обезбеди на учесниците вештини кои ќе им помогнат на младите претприемачи во земјоделскиот сектор, да го надградат своето знаење и да започнат свој бизнис.