Мрежата за рурален развој на Северна Македонија, финансиски поддржана од We Effect, отвора јавен повик за поднесување апликации за избор на партнер(и) за интервенција за зајакнување на вредносните синџири во земјоделскиот сектор преку подобрување на производната технологија(и).
Главната цел на овој повик е да се идентификуваат компании (партнер(и) за интервенција) кои ќе пројават интерес за спроведување на интервенција развиена врз основа на претходно тестиран бизнис модел. Целта на интервенцијата е да се подобри и/или да се стабилизира пристапот до пазарот на малите земјоделски стопанства вклучени во земјоделското производство преку обновување и/или зајакнување на постоечките пазарни системи и на тој начин да се придонесе за зголемување на нивните приходи. Поконкретно, интервенцијата треба да го подобри пристапот до пазар на малите земјоделски стопанства преку воведување и имплементација на современи земјоделски практики и модернизација на производството. Спроведувањето на интервенцијата освен што ќе овозможи олеснет пристап до пазарот ќе придонесе и за зголемување на продуктивноста и квалитетот на примарните земјоделски производи.
Кандидатите треба да ги достават сите потребни документи на следните е-маил адреси: elizabeta.r@ruralnet.mk, vancho.n@ruralnet.mk и vasko.g@ruralnet.mk. Краен рок за аплицирање е 02.09.2022 година.
Повик за партнер(и) за интервенција