Мрежата за рурален развој на Република Македонија (МРР на РМ) спроведува проект финансиран од ЕУ „Вмрежување и застапување за зелена економија“. За потребите на проектот МРР има потреба од квалификувано лице со искуство во финансиско работење согласно националната легислатива и проектно–финансиско работење на донаторски проекти. Описот на работните задачи и потребни квалификации за работното место се во прилог.
Заинтересираните кандидати можат да добијат подетални информации на 02/3075-506 и да го испратат своето CV на адреса ул.„Коста Веселинов“ 3а, Скопје, најдоцна до 20.04.2018 год.
МРР на РМ
Финансиски раководител
Финансискиот раководител се очекува да придонесе за остварување на генералната цел на Проектот преку давање поддршка во процесот на финансиско управување ,планирање, координирање на средствата, имплементација и реализација на предвидените активности со проектираниот буџет во Проектот, обезбедувајќи конзистентност со стратегија на проектот, обврски и цели.
Финансискиот раководител е овластен да ги застапува МРР на РМ во Проектот, како и на состаноците со клучните страни, партнери, засегнати страни и други организации.
Финансискиот раководител ќе работи под директен надзор на претседателот на МРР на РМ (директор на NAGE проектот) и раководителот на проектот назначен од координаторот остварува тесна соработка со другите членови на проектниот тим
Опис на работни задачи:
– финансиски менаџмент, анализа, известување и следење на проектните средства со кои управува МРР на РМ, подгрантисти и изведувачи согласно националната легислатива и барањата на донаторот;
– планирање, следење на спроведување на проектниот буџет;
– администрирање на безготовинските и готовинските трансакции, ваучери за исплата, барања за надомест на трошоци;
– следење на усогласеноста на финансиските и административните процеси со внатрешните процедури на организацијата, националните закони и барањата на донаторот на проектот.
– подготовка на месечни, квартални и годишни финансиски извештаи според барањата на донаторот;
– доставува извештаи до Договорното тело (ЕУ) за напредокот на проектот и аплицира за надомест на проектираните подобни трошоци, врз основа на извештајот за напредок и финансискиот извештај што се бара со одредбите од Договорот за грант;
– и и презема сите потребни дејствија за навремено доставување на барањата за плаќање до Договорното тело (ЕУ);- анализа, изработка и прераспределба на средствата во рамките на буџетот на проектот;- ја проверува регуларноста на фактурите и придружните документи поврзани со било кој трошок; – управување и потврдување на соодветното трошење на доделениот грант;- добивање на предфинансирање и финална исплата од договорниот орган и пренос на соодветниот износ на банкарска сметка на секој партнер, – администрирање на барањата и документите на вработените во проектот;- редовна комуникација со надворешно сметководство за следење на тековното финансиско работење;- подготвува листа на придружни документи за расходите на проектот водејќи сметка дека оригиналите и скенираните копии од сите документи поврзани со проектот и буџетот под одговорност на МРР на РМ се чуваат на безбеден и уреден начин;- да подготви документација и да помогне во спроведувањето на набавката на услуги и добра;- Да се обезбеди ревизорска трага што овозможува идентификација на секоја финансиска операција во проектот т.е. да ги зачува во секое време за целите на ревизијата сите релевантни фајлови, документи и податоци- Доставување до независниот експерт (експерт) кој ќе изврши проценка на проектното трошење со кој било документ или информации потребни за составување на извештај за евалуација;- Одговора на сите барања од раководителот на проектот и договорниот орган;
Потребни квалификации:
– завршено високо образование;
– најмалку пет години работно искуство;
– познавања од областа на проектно финансиско работење и национално сметководство;
– одлично познавање на англиски јазик;
– одлично познавање на работа со Microsoft Office (посебно Excel & Word);
– напредни организациски и комуникциски вештини.