МРР на РМ со свои претставници, од 25-26 септември присуствуваше на традиционалниот фестивал „Kezes-Lábos“ кој традиционално се одржува во Етјек, Унгарија. На фестивалот беа презентирани традиционална унгарска храна и пијалаци. За време на фестивалот претставниците на МРР на РМ остварија средби со претставници на мрежи за рурален развој од регионот и со „Меѓународниот центар за развој на ресурси“ од Унгарија. Исто така МРР на РМ, оствари средба со амбасадорот на Република Македонија во Унгарија, г-динот Дарко Ангелов на која беше договорена понатамошна соработка во областа на руралниот развој.