Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО), во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), започна нов проект во рамките на Програмата на ФАО за техничка соработка, насловен „Поддршка за развој на национална стратегија за обезбеденост со храна“.
ФАО и МЗШВ во соработка со Мрежата за рурален развој на Северна Македонија ќе спроведат процес на собирање податоци за обезбеденоста со храна и исхраната во државата, анализа на релевантните национални политики и институционално истражување што ќе послужи како основа за развој на идната Стратегија за обезбеденост со храна, како и за воспоставување на меѓуинституционален координативен механизам за обезбеденост со храна на национално ниво.
За потребите на проектот, Мрежата за рурален развој на СМ објавува оглас за консултант задолжен за проценка на основите за воспоставување национален координативен механизам за oбезбедeност на храната за потребите на проектот.
Детален опис на работните задачи е наведен во ToR-от кој може да го најдете во продолжение.
Заинтересираните кандидати да ги достават или испратат своите биографии и финансиска понуда (сумите да бидат изразени во МКД – бруто износ) во печатена форма во канцеларијата на Мрежата за рурален развој на СМ најдоцна до 12.07.2022 год. на адреса: ул. Коста Веселинов 3а, Скопје, или во електронска форма на e-mail адресата: vasko.g@ruralnet.mk.
ToR for Consultant for methodology for a national coordination mechanism