Мрежата за рурален развој на РМ објавува повик за поддршка на проектни иницијативи на своите организации – членки.

Поддршката за овој повик е обезбедена од проектот „Градење на капацитетите на МРР и нејзините членки“ финансиран од We Effect.

Секој предлог-проект треба да биде поднесен на Образец А – Образец за предлог проект, вклучувајќи го Образец Б – Буџет и Образец В – Изјава за партнерство, како и сите потребни прилози. Бараните формулари се прикачени на веб страната на Мрежата за рурален развој, во делот Проектен механизам. Проектната апликација се испраќа на електронската адреса proekti@ruralnet.mk.

Краен рок за поднесување на апликацијата е 31.05.2019 2016 , до 16:00 часот.

Упатство за апликанти – 2019
Образец А – Пријава за проект
Образец Б – Буџет
Образец В – Изјава за партнерство