На 16.08.2012 во просториите на Црвениот крст, Скопје, беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Мрежата за рурален развој на РМ и Црвен крст на Република Македонија.
Двете организации се согласија да обезбедат меѓусебна соработка, координација во делувањето за реализација на програми од повеќе области, внатрешна поддршка и соработка со други институции и организации и се ангажираа да реализираат одредени заеднички иницијативи.
Како една од специфичните цели на соработката е адаптација кон климатските промени во руралните средини, во чии рамки Меморандумот ги објаснува главните насоки за заедничката соработка помеѓу проектот на УСАИД за Адаптација на земјоделството кон климатските промени, имплементиран од Мрежата за рурален развој на Република Македонија и Мрежата за климатски одговор, формирана во рамките на регионалниот ЕУ ИПА проект „Форум на Југоисточна Европа за адаптација кон климатски промени“, кој во Македонија е имплеметиран од Црвениот крст.
Од договорената соработка во оваа област се очекува заедничко промовирање на сознанијата за ефектите од климатските промени во областа на земјоделското производство; размена на информации за активностите, праксата и истражувањата; презентирање на можностите зВо четврток, 3 мај, во 11 часот, хотел Континентал Скопје – Проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, со свечен настан го одбележа започнувањето на активностите. Проектот ќе промовира земјоделски практики за адаптација кон климатските промени и ќе ја зголеми свеста за идните предизвици кои тие ги наметнуваат, како и потребата за заедничко делување на ниво на заедниците. Тригодишниот проект ќе го спроведува Мрежата за рурален развој на РМ (МРР).
На настанот присуствуваа претставници на Владата на РМ, релевантни национални и локални земјоделски институции, членови на Мрежата за рурален развој, сопственици на земјоделски стопанства и донаторски организации, заедно со експерти во областа на земјоделството за прилагодување кон климатските промени.
На настанот свои обраќања имаа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, г-дин Љупчо Димовски, директорот на Канцеларијата за економски развој на УСАИД во Македонија, г-дин Џозеф Лесард и г-дин Драги Димитриевски, декан на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје.
„Вистинскиот напредок за зачувување на нашите природни ресурси за идните генерации крајно ќе зависи од позитивните дејства на ниво на заедниците, од страна на земјоделците, жителите во руралните области и други локални групи кои имаат интерес во зачувување на своите извори на работа и приход“, рече Џозеф Лесард, директор на Канцеларијата за економски развој на УСАИД во Македонија. „Пристапот што го има МРР за развој од основните нивоа, кој во предвид ги зема потребите и приоритетите на луѓето на локално ниво, е за пофалба“.а изнаоѓање на апликативни решенија во справувањето со главните пречки предизвикани од климатските промени за намалување на штетите во земјоделството; како и зголемување на свесноста за ефектите од климатските промени во земјоделскиот сектор и нивното влијание врз здравјето на земјоделците.
Претседателот на Мрежата за рурален развој на РМ, Петар Ѓоргиевски и Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија, м-р Саит Саити, го затворија настанот искажувајќи надеж за долгорочна, успешна соработка во остварувањето на заедничките цели.