Претставници на Мрежата за рурален развој на Република Македонија, на 2-ри февруари 2011, во Белград, Србија, учествувaa на првиот отворен семинар „Фокус кон потрошувачите на храна на Балканот“. Целта на проектот FOCUS-BALKANS е развивање на мрежа, јакнење на истражувачките капацитети и добивање на резултати во полето на науката за потрошувачи на храна во земјите на западен Балкан. Од самиот почеток во 2008 година, овој истражувачкa програмa собра 15 партнери од 8 универзитети, јавни здравствени институции и здруженија на потрошувачи во 6 земји од Балканот (Словенија како земја членка на ЕУ, Хрватска како земја кандидат за ЕУ, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија и Србија), има постигнато важни научни резултати кои придонесуваат кон јавното здравство и заштитата на потрошувачите во регионот на Западен Балкан. Ова беше единствена прилика на едно место да бидат разни чинители, вклучувајќи ги и претставници на синџирите на снабдувачи на храна и креатори на политика, сé со цел со членовите на конзорциумот FOCUS-BALKANS да ги споделат последните резултатите поврзани со науката за потрошувачите на храна на Балканот.