Годишното собрание на Мрежата за рурален развој на Северна Македонија се одржа во Дојран на 3 септември. Некои од најактивните членови на МРР кои се собраа на Собранието, беа информирани за тековните и планираните активности и иницијативи на Мрежата насочени кон зајакнување на нејзините капацитети и подобрување на нејзиното влијание во процесите за рурален развој на национално и меѓународно ниво.
Среќни сме што овие организации членки изразија голем интерес да се вклучат активно во идните активности на Мрежата и да придонесат за постигнување на целите на Мрежата.