Тематската работа на МРР претставува примена на пристапот од долу на горе во пракса каде што своите ставови во однос на руралниот развој МРР ги гради преку целосно вклучување на своите членки и други релевантни чинители од руралните средини за да ги постигне своите стратешки цели. Тематската работа се состои од креирање на Тематски работни групи на клучните учесници во руралниот развој, преку организирање на семинари и работилници , подготовка на тематски публикации и други информативни материјали.
Тематската работа има за цел да ги исполни следните цели
- Идентификација на клучните приоритети и предизвици што би можеле да се спроведат преку стратегијата и акцискиот план на МРР;
- Споделување искуства кои водат до успех, како што се корисни мерки, алатки и пристапи.
МРР ја дефинираше својата работа на 4 главни теми а секоја од нив се фокусира на специфични под-теми, претходно дефинирани со членките и раководството на МРР.
Првиот состанок на тематската група „Социјална вклученост“, подгрупа „Рурална Младина“ беше одржан на 15 декември во присуство на 22 претставници на граѓанските организации – членки на МРР на РМ. Во рамки на состанокот беа изнесени бројни податоци од спроведени истражувања, поврзани со вклученоста на младите во работењето на граѓанските организации и во донесувањето политики на локално ниво.