На 22 Март, 2019 година, центарот за локален развој од Радовиш ЦЕЛОР заедно со учениците на СОУ Коста Сусинов воведоа систем за компостирање и производство на сопствено био ѓубриво во рамките на училиштето. Активноста е дел од проектот „Младите од руралните средини за интеграција на Македонија во ЕУ“ финансиран од ЕУ, а спроведуван од CNVP Македонија и Мрежата за рурален развој на РМ. Преку оваа активност се набавија соодветни алатки и инструменти за работа кои би го помогнале образовниот процес и практична едукација на учениците за начините на постапување, намалување на органскиот отпад и заштита на животната средина. Тоа се едноставни мерки со кои може да се дојде до корисни решенија за редуцирање на отпадот и добивање на продукти од отпадот во форма на био-ѓубриво кое може да се користи за сопствени потреби при одгледувањето на растенија и нивното аранжирање и во училишнот двор. Иницијативата за компострање во училиштето произлезе од група на ученици од т.н. “студиски круг” кој се формираше во рамките на СОУ Коста Сусинов со помош на здружението ЦЕЛОР и под менторство на професорот по биологија кои ќе го следат целиот процес на компостирањето. Ваквата пилот активност ќе даде позитивен пример во подигањето на јавната свест за правилното управување со отпадот и заштитата на животната средина и вклучување на младите во креативни иницијативи за решавање на проблемите во заедниците.