Мрежата за рурален развој потпиша договор со Фондација за Развој на Локалните Заедници од Штип за мапирање на ресурсите на граѓанските организации и ученици од источниот и југоисточниот регион во врска со нивната свесност и познавањето на ЕУ интегративните процеси. Истото истражување ќе му послужи на проектот за идентифицирање теми за обука на потенцијални млади обучувачи. Активноста вклучува изготвување на соодветни прашалници за средношколци и за граѓански организации на млади во двата региони, спроведување на анкетите и обработка на податоците. По изготвувањето на прашалникот за ученици се пристапи кон негово тестирање во СОУ „јане Сандански“ во Штип, по што следеше корекција и финализирање на истиот.
Rural_youth_mapping_study final