Во текот на првата половина на септември 2018 година, проектниот тим посети пет средни училишта во источниот и југоисточниот регион во Македонија и оствари средби со директорите на училиштата. Целта на овие посети беше да се претстават целите на проектот на претставници на средно училиште и да се искоординираат активностите поврзани со активноста А 3.1, односно работилници за зголемување на свеста кај младата популација за нивната улога во поддршката на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ. Идејата да се одржат информативни часови со средношколците беа поздравени и одобрени од раководствата на училиштата. Намерата е да се презентираат општите вредности на ЕУ на учениците и да им се даде можност да ги презентираат своите ставови и пораки до локалните и националните засегнати страни за подобрена интеграција во ЕУ преку надградени услови за развој на младата популација.