Од 25ти до 27ми Јуни 2018 година во хотел Глигоров во Струмица се одржа обуката за обучувачи како активност во рамките на проектот. На обуката учествуваа 15 млади луѓе од граѓански организации од источниот и југоисточниот регион . Обуката ја водеа искусни обучувачи и тоа Г-дин Жељко Плавшиќ и Игор Стајиќ од регионалниот центарот за едукација во Лесковац, Србија и Хрватска и Г-ѓа Мирела Травар од Хрватската младинска мрежа.
На тродневната обука на младите учесници им беа презентирани општите принципи на формирање и делување на Eвропската Унија и други теми за застапување преку следниот дневен ред:
25 јуни, Понеделник
– Запознавање на учесниците
– Основните политики на ЕУ: секторски политики, цели и постигнати резултати (Мисија на ЕУ; како функционира ЕУ; Што прави ЕУ; Што значи да си граѓанин на ЕУ; Европа – земја на слобода, безбедност и правда; Клучни датуми во историјата на ЕУ;)
– Основа на пристапниот процес (инклузија, еднакви можности за младите, политика на вработување):
- Поглавје 19: Социјална политика и вработување
- Поглавје 11: Земјоделство и рурален развој
- Поглавје 25: Наука и истражување
- Поглавје 26: Едукација и култура
26 јуни, Вторник
– Социјална инклузија во ЕУ и во земји кандидати (Европска Платформа Против Сиромаштија и Социјална Инклузија; Европска рамка за Социјална и Територијална Кохезија)
– Застапување во процесот на приклучување (примери и вежби)
– Застапување и промени по пориклучувањето во ЕУ
– Рекапитулација на работата од денот
27 јуни, Среда
– Изработка на планови за кампања и чекори за застапување (групна активност)
– Подобрување на лидерски способности и вештини на презентирање
– Евалуација