Во тек на Октомври 2018 година, преку проектот „Младите од руралните средини за ЕУ интеграција на Македонија“ се одржаа 5 работилници во средни училишта во Источниот и Југоисточниот регион и тоа во Штип, Радовиш, Струмица, Берово и Гевгелија. Целна група беа ученици од четврта година и други заинтересирани млади кои беа информирани преку локалните партнер организацијии. Работилниците вклучуваа модератор од Младинскиот совет на Македонија кој преку соодветни алатки ги едуцираше младите за социјална вклученост, младински политики, постоечки домашни и ЕУ програми наменети за младите во Македонија, можностите за вработување и други информации за младински активизам. Учесниците имаа можност до сите релевантни институции како што се владата, општината, училиштето, родителите и други чинители, да состават кратки пораки со сугестии за подобрување на некој аспект од нивниот живот и секојдневието. Во организирање на настаните учествуваа локалните партнерски организации на проектот, директорите и наставниците од училиштата.
Со овие настани, само во Октомври, директно беа опфатени 223 млади лица.