Штип 16.07.2018 – A 1.3. Работилница за врсничка едукација

На 16.07.2018 во Штип се одржа работилница во рамките на проектот Младите од руралните средини за интеграција на Македонија во ЕУ. Работилницата беше дел од активноста за дисеминација на стекнатите знаења од обуката за обучувачите од Штип и Радовиш. Тие на свој начин и со свои методи успеаја да ги пренесат знаењата. Припремата за логистика на настанот беше потпомогната од ЦНВП македонија, а презентациите и водењето на самиот настан беше под менторство на експерт за фасилитирање и координирање.

На настанот беа присутни 22 млади лица од општините Штип, Радовиш и Карбинци кои се запознаа со основите на Европската Унија и повеќе аспекти за процесот на пристапување кои се од важност за млади лица. Генералното мислење на повеќето млади е дека сакаат да влеземе во ЕУ, но сепак сметаат дека се уште големиот дел од реформите и законите не се имплементирани- дел воопшто, а дел во целост, и исто така економската состојба и стандард се уште не е доволно стабилна и висока.

Голем дел од нив беа информирани за тоа што ЕУ може да понуди и кои привилегии ги имаат како млади кои се дел од земја која е кандидат-членка. На крајот учесниците беа поделени во групи и ги дадоа следните мислења и препораки за делување во иднина со цел побрзо интегрирање во ЕУ:

– Активирање во младинските совети (формирање на повеќе младински организации)
– Промена на системот на функционирање на политичките партии
– Борба за еднаквост- со протести
– Борба за подобри услови за младите
– Повеќе проекти за младите
– Да се воведат построги и поригорозни мерки за политичарите кои ги злоупотребуваат нивните позиции
– Вклучување на младите во донесувањето на закони
– Вклучување во дебати со политичари
– Намалување на родовата дискриминација
– Слобода на јавен говор (медиуми)
– Мобилност, програми, курсеви- поголема информираност
– Неформално образование
– Вклученост во мали и средни претпријатија- подготовка за пазарот на трудот
– Волонтерска работа
– Учество во неформалното образование- ПР-едукации, работилници
– Поттикнување свеста за здрава и чиста животна средина
– Поголема заинтересираност во програмите за размена на млади
Настанот се оддржа во просториите на Канал 77.

 

Делчево 13.08.2018 – А 1.3. Работилница за врсничка едукација

Во рамките на проектот Младите од руралните средини за интеграција на Македонија во ЕУ беше организирана работилница за врсничка едукација за Европската Унија и улогата на младите од руралните средини во поддршка на евроинтеграцијата на Република Македонија. Работилницата беше наменета за младите од истокот ( Делчево, Пехчево и Виница) и се спроведе на 13.08.2018 г. во Делчево. На работилницата младите од Делчево, Пехчево и Виница имаа можност да ги унапредат своите знаењата за:

● Европската унија и европските политики;
● Критериумите за влез во ЕУ на земјите со статус кандидат за ЕУ како и за
● Улогата на младите од Делечво, Виница и Пехчево во помагање на процесот на евроинтеграција на Македонија.

Работилницата придонесе кон подобра информираност на младите од Делчево, Виница и Пехчево за Европската унија, нивно мотивирање и зајакнување на свеста за потребата и моќта на активното придонесување на младите кон успешна евроинтеграција на Р. Македонија.
Младите од овој регион, односно младите од Делчево, Пехчево и Виница имаа за задача да работат во 3 групи и да размислат :

– Kaко младите од Македонија можат да го поддржат процесот на евроинтеграција?
– Што ние во Делчево, Пехчево, Виница можеме да направиме за Македонија да стане побрзо дел од ЕУ?
Младите ги посочија следните точки како нај потребни:
– Формирање на ЛМС
– Организирање на обуки/работилници за млади
– Знаење образование и идеи
– Инвестирање во иднината на младите
– Децентрализација на можностите на младите
– Вмрежување на младинските тела
– Формирање на младински парламент
– Едукација на младите за ЕУ

 

Струмица 16.08.2018 – А 1.3. Работилница за врсничка едукација

On August 16, 2018, in the Hotel Esperanto – На 16ти Август 2018 година, четврток во Хотел Есперанто, Струмица се одржа врсничка едукативна работилница на тема: Младите од општините Струмица и Гевгелија како активни чинители во евроинтеграциите на Македонија. На оваа врсничка работилница, како едукатори се обратија: Тамара Венова од Гевгелија, и Тања Кочева и Лидија Христова Јанева од Струмица, кои беа дел од обуката, спроведена во периодот од 25ти до 27ми јуни во Струмица, на тема: Младите од руралните средини за интеграција на Република Македонија во ЕУ.

На работилницата присуствуваа 30тина млади од општините Струмица и Гевгелија, каде разговараа за проблемите со кои што се справуваат младите од овие општини и како би можеле да придонесат тие за полесно справување на РМ со предизвиците во процесот на евроинтеграција.

За време на работилницата, младите дискутираа која е нивната улога во поддржување на Македонија во евроинтеграцијата и како дел од работите кои тие можат да ги направат ги посочија :

– Делување во правец на зголемување на еколошката свест кај граѓаните,
– Зајакнување на нивното учество на младите во креирање на локалните и државните политики,
– Зголемување на соработката со младинските ЕУ организации,
– Одржување на што повеќе едукативни работилници
– Формирање клуб на млади во секоја општина
– Со влезот во ЕУ, признавање на сите наши дипломи
– Економски пораст на РМ
– Подобрување на образованието
– Создавање на организации за развивање на културната, еколошката и претприемачката свест на младите
– Лобирање за поголеми инвестиции во образованието и создавање на поголем број грантови
– Иницијатива за промена во образовниот систем, воведување на поголем практичен дел
– Иницијатица за подобрување на локалната инфраструктура
– Бесплатни курсеви за странски јазици и др.

Оваа едукативна врсничка работилница е во рамките на проектот Rural youth assisting Macedonia in EU integration, спроведуван од страна на CNVP – организација за поврзување на природни вредности и луѓе со седиште во Хаг – Холандија.

 

Пехчево 17.08.2018 – А 1.3. Работилница за врсничка едукација

На ден 17.08.2018 година во просториите на хотел Гогов во Пехчево се спроведе работилница за врсничка едукација за Европската Унија и улогата на младите од руралните средини во поддршка на евроинтеграцијата на Република Македонија. Основните цели и задачи на работилницата беа унапредување на знаењата на младите од општините Пехчево и Берово за Европската Унија, европските политики, критериумите за влез на земјите со статус кандидат за Европската Унија, како и за улогата на младите од Пехчево и Берово во помагање на процесот на евроинтеграцијата на Р. Македонија.

Во текот на работилницата беше реализирана работа во мали групи и групна дискусија на тема “Што младите можат да направат за да го потпомогнат процесот во интегрирање на Р.Македонија во Европската Унија?”, по која следуваше презентација на групната работа и дискусија на истата тематика.

Дел од нивните одговори на поставеното прашање содржеа:

  • вклучување на младите во повеќе младински организации
  • промовирање на правата и можностите на младите
  • организирање на повеќе инфо настани за ЕУ
  • поголема вклученост на граѓанските организации во донесување на одлуки

Целта на врсничката едукација за ЕУ е да се зајакнат способностите на младите од Пехчево и Берово и нивните организации за нивен активен придонес кон совладување на предизвиците со кои се соочува Р.Македонија во процесот на евроинтеграцијата.

Едукатори на работилницата беа Елена Трендафилова, Трајанка Беќарска и Милица Дракалска.

 

Кочани 29.11.2018 – А 1.3. Работилница за врсничка едукација

На 29ти Август 2018 година, четврток во средното училиште Љупчо Сантов, Кочани се одржа врсничка едукативна работилница за врсничка едукација за Европската Унија и улогата на младите од руралните средини во поддршка на евроинтеграцијата на Република Македонија. На оваа врсничка работилница, како едукатори се обратија: Стојан Рашков од Кочани, Валерија Соколова од Делчево и Александар Иванов од Виница, кои беа дел од обуката, спроведена во периодот од 25ти до 27ми јуни во Струмица, на тема: Младите од руралните средини за интеграција на Република Македонија во ЕУ.

На работилницата во Кочани присуствуваа 24 млади од општините Кочани и Виница кои беа информирани за генералните европски вредности за младите, институциите на Европската Унија, социјалната вклученост на младите во Македонија, и начин на комуникација на младите со општествените чинители со цел  за нивно поинтензивно влијание на предизвиците во Македонија, како и во процесот на евроинтеграцијата.

Работилницата придонесе кон подобра информираност на младите од Кочани и Виница за Европската унија, нивно мотивирање и зајакнување на свеста за потребата и моќта на активното придонесување на младите кон успешна евроинтеграција на Р. Македонија.