Мрежата за рурален развој во Н. Македонија го објавува завршувањето на процесот на евалуација и доделување грантови за програмата за под-грантови за зелено претприемништво на проектот финансиран од ЕУ „Вмрежување и застапување за зелена економија“ (НАГЕ).
Повикот за поддршка на граѓански организации во спроведувањето на мали иницијативите за зелено претприемништво беше дел од проектот финансиран од Европската унија „НАГЕ – Вмрежување и застапување за зелена економија“ спроведен од 7 партнерски организации од Балканот: Мрежа за рурален развој на Н. Македонија ( Водечки партнер), Хрватска мрежа за рурален развој, Мрежа за рурален развој во Босна и Херцеговина, Мрежа на организации за рурален развој на Косово, Мрежа за рурален развој на Црна Гора, Мрежа за рурален развој на Србија и Албанска мрежа за рурален развој.
Седумнаесет локални граѓански организации одговорија на Повикот за предлози и ги доставија своите апликации до наведениот рок. Тие презентираа интересни предлог-проекти за теми поврзани со одржливиот развој, заштитата на животната средина и климатските промени, земјоделскиот и руралниот развој, социо-економскиот развој, образованието, политиките и социјалните услуги, работата и политиките за млади, економското зајакнување на жените, волонтирање и др.
На крајот на процесот на квалитативна евалуација, на 6 локални организации им беа доделени мали грантови за спроведување на нивните иницијативи насочени кон започнување и пилотирање на интервенции за зелено претприемништво. Финансиската поддршка ќе придонесе за зајакнување на локалните гражански организации преку градење на капацитети и спроведување на нивните иницијативи и подигање на свеста за важноста на зелената економија и зеленото претприемништво.
Список на највисоко рангирани проекти, организации кои ги спроведуваат проектите, предвидено финансирање и времетраење на проектот.
Име на организацијата | Назив на проектот | Буџет во евра | Времетраење на проектот |
Благој А. Котларовски, Ресен | Органскиот отпад не е ѓубре | 3.479 | 4 месеци |
Еко Тим Исток, Кочани | Селектирај пластичен земјоделски отпад | 3.470 | 5 месеци |
Дану Филантропија, Скопје |
Точаче | 3.450 | 6 месеци |
Слоу Фуд, Битола | Практична имплементација на легислативите во објектите за традиционално производство ПИЛОТ-П | 3.489 | 4 месеци |
Едукативен центар за зачувување на природата, Негрево, Пехчево | Зелен пакет за заштита на биодиверзитет | 3.484 | 5 месеци |
Регионален центар за застапување, Делчево | Регионално поврзување и заедничка примена на концептот за зелена економија | 3.500 | 6 месеци |