Од 28-ми до 30-ти ноември во Скопје се организираше третата од серијата обуки на обучувачи за претставници на организациите членки на Балканската мрежа за рурален развој. Оваа трета обука која беше фокусирана на „Финансиски менаџмент, набавки и диверзификација на финансирањето“ собра 21 учесник од 7 балкански земји: Република С. Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Албанија, Црна Гора и Косово. Обуката опфати теми поврзани со основните принципи на процедурите за набавка, финансиските текови и општите принципи на подобност (проекти финансирани од ЕУ), развивање финансиска анализа, финансиска внатрешна контрола, водење документи и евиденција, управување со средства, готовина и банкарски менаџмент, сметководство итн.
Со оваа активност, партнерите на проектот „Вмрежување и застапување за зелена економија – NAGE“ ќе се погрижат како членови на BRDN да имаат силни знаења и вештини за финансиски менаџмент на организациско ниво, како и за процесот на финансиско управување со проекти финансирани од донатори (особено финансирани од ЕУ). Ова знаење ќе биде пренесено, но и мултиплицирано во сите активности и идни акции што ќе ги спроведува БМРР. По оваа обука, обучувачите дополнително ќе организираат обуки на национално ниво за организации кои имаат потреба, со цел да ги развијат нивните капацитети и да се уверат дека капацитетите за финансиско управување не се ограничување што би ги елиминирало добрите граѓански иницијативи и би го попречило успешното спроведувањето на проекти за зелено претприемништво како дел од програмата за подгрантови.