Проектот Вмрежување и застапување за зелена економија започна со имплементација на обука за развој на капацитети за програма со цел да се зајакнат капацитетите на граѓанските организации за застапување, лобирање и вмрежување и за зелено претприемништво. Со цел да се доближи концептот на зелено претприемништво до целните корисници (граѓански организации), и да се мобилизира заедницата во кампања за застапување што ќе го олесни процесот на приближување кон ЕУ кон националната програма и политики за земјоделство и рурален развој, кон реформата на ЗЗП на ЕУ, проектот ќе организира обука во два модула за:
i) застапување, лобирање, вмрежување и зајакнување на капацитетите и
ii) зелена економија и претприемништво.
На 13 и 14 февруари, во Скопје, беше организирана првата обука на обучувачи фокусирана на застапување, лобирање и вмрежување, на која присуствуваа вкупно 14 претставници од 7-те партнери за спроведување на проектот. Нивната понатамошна задача ќе биде да го пренесат стекнатото знаење до основните организации на национално ниво.