Проектот финансиран од ЕУ „Вмрежување и застапување за зелена економија“ организираше обука на тема „Зелената економија и претприемништво“ за претставниците на ГО од западниот дел на С. Македонија, што се одржа од 5 до 7 февруари 2020 година, во хотел Дрим во Струга.
Главниот фокус на оваа обука беше дефинирање и разјаснување на концептите на зелената економија и претприемништво, улогата на граѓанските организации во промовирање на зелената економија, проценка на зелената економија во различни индустрии и развој на акционен план за зелен бизнис. Целта на обуката беше да се зајакнат капацитетите на граѓанските организации и нивните потенцијални членови на оваа тема, со цел да се залагаат за воведување зелена економија во националното законодавство за земјоделство и рурален развој. Оваа обука првенствено беше наменета за помали ГО од руралните области, чиј фокус е на одржливиот рурален развој.
Обуката беше финансиски поддржана од Постојаната работна група за регионален рурален развој (SWG) во ЈИЕ.