Втората национална обука во Македонија организиран во рамки на проектот “ Вмрежување и застапување за зелена економија”, беше одржана во Охрид, од 30 јануари до 01 февруари, 2019. Повеќе од 30 претставници на граѓански организации учествуваа на оваа обука посветена на “Планирање и известување “ . Главниот фокус на оваа обука беше дефинирање и појаснување на поимите и методите за стратешко планирање со граѓански организации и проектно планирање, како и на принципите и начините на транспарентно известување за сработените активности.
Оваа обука помогна да се зајакнат потенцијалите и капацитетите на помалите граѓански организации од руралните средини чие делување е насочено кон одржлив развој на руралните средини.