Од 24-ти до 26-ти октомври, во Скопје, беше организирана втората од серијата обуки за обучувачи за претставници на организациите – членки на Балканската мрежа за рурален развој. Оваа втора обука која беше фокусирана на “Планирање и известување за граѓанските организации”, вклучи 21 учесник од 7 земји: Република Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Албанија, Црна Гора и Косово. Следниве теми беа опфатени со обуката:
– Долгорочно планирање, програмско и проектно планирање;
– Стратешко планирање, елементи на стратешкиот план и чекори во изработка на стратешки план;
– Проектно планирање и негово поврзување со стратешко планирање;
– Логичка рамка и развивање на проектниот пристап;
– Мониторинг и известување;
– Дизајнирање и испорака на сесија за обука.
Со оваа активност партнерите на проектот “Вмрежување и застапување за зелена економија – NAGE” како членки на Балканската мрежа за рурален развој (БМРР) ќе стекнат знаења и вештини за генеричко управување, кои ќе можат да ги пренесат на помалите локални граѓански организации, но истовремено ќе можат да ги мултиплицираат во сите активности и идни акции кои ќе бидат имплементирани од страна на БМРР. По оваа обука, обучувачите понатаму ќе организираат обуки на национално ниво за локалните граѓански организации, со цел да ги развијат нивните капацитети и да се осигураат дека капацитетите за управување не се ограничување што би ги елиминирало добрите граѓански иницијативи и ќе го попречи спроведувањето на успешните проекти за зелено претприемништво како дел од програмата за под-грантирање.