Од 24-ти до 26-ти октомври, во Скопје, беше организирана втората од серијата обуки на обучувачи за претставници на организациите членки на Балканската мрежа за рурален развој. Оваа втора обука која беше фокусирана на „Планирање и известување за ГО“ собра на едно место 21 учесник од 7 земји: Република Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Албанија, Црна Гора и Косово. Следниве теми беа опфатени со обуката:
- Долгорочно планирање, програмско планирање и планирање на проекти;
- Стратешко планирање, елементи на документот за стратешки план и чекори во подготовката на стратешкиот план;
- Планирање на проекти и поврзување со стратешкото планирање;
- Логичка рамка и развивање на проектен пристап;
- Следење и известување;
- Дизајнирање и испорака на тренинг сесија.
Со оваа активност, партнерите на проектот „Вмрежување и застапување за зелена економија – NAGE“ ќе се погрижат како членови на BRDN да имаат силни менаџерски вештини кои може да се пренесат и да се мултиплицираат во сите активности и во иднина. По оваа обука, обучувачите дополнително ќе организираат обуки на национално ниво за организации кои имаат потреба, со цел да ги развијат нивните капацитети и да се уверат дека менаџерските капацитети не се ограничување што би ги елиминирало добрите граѓански иницијативи и би го попречило спроведувањето на успешни проекти за зелено претприемништво како дел од програмата за подгрантови.