Првата национална обука за развој на менаџерски вештини организирана во рамките на проектот „Вмрежување и застапување за зелена економија“ се одржа во Струмица на 22 и 23 ноември 2018 година. Околу 30 претставници на граѓански организации од различни делови на Македонија присуствуваа на оваа обука посветена на транспарентно и одговорно управување со граѓански организации. Обуката претставуваше одлична можност за претставниците на граѓанскиот сектор да се запознаат со основните концепти и главните принципи на добро владеење и одговорност.