Проектот финансиран од ЕУ „Вмрежување и застапување за зелена економија“, организираше уште една обука во С. Македонија, на тема „Зелена економија и претприемништво“, овој пат за претставници на граѓанските организации од источниот дел на земјата. На обуката организирана од 3 до 5 март, во хотелот „Манастир“, Берово, учествуваа 33 претставници на мали рурални граѓански организации.
Повторно, обуката беше насочена кон дефинирање и разјаснување на концептите на зелената економија и претприемништво, со цел зајакнување на капацитетите на граѓанските организации на оваа тековна тема, за да можат да станат застапници за воведување зелена економија во националното законодавство за земјоделство и рурален развој. Обуката опфати и теми како улогата на ГО во промовирање на зелената економија, проценка на зелената економија во различни индустрии и развој на акционен план за зелениот бизнис.
Обуката беше финансиски поддржана од Постојаната работна група за регионален рурален развој (SWG) во ЈИЕ.