На 12 октомври во Велес се одржа 12-тото Годишно собрание на Мрежата за рурален развој на СМ.
Пред претставниците на организациите-членки се обрати Претседателот на Мрежата за рурален развој, Петар Ѓоргиевски, кој се осврна на предизвиците на граѓанскиот сектор во руралните средини и потребата од заедничко делување со цел застапување и лобирање за руралната заедница.
На Годишното собрание беа претставени реализираните активности на МРР и идните планови. Исто така, претставници од организациите-членки Визија Кавадарци, Преда Плус, Извор, Нектар, ОЖ Велес, Молика и Хорти Еко ги презентираа своите активности во областите во кои делуваат.
Заедничките активности на Мрежата и нејзините членки продолжуваат и во наредниот период во насока на унапредување на развојот на руралните средини во државата.