На третиот по ред саем на локални производи „Вкусете ја традицијата“ организиран од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во Скопје, ги донесовме традиционалните домашни производи од различни региони ширум земјава, преку соработка со Локалните акциски групи: ЛАГ Плачковица, ЛАГ Бојмија, ЛАГ Преспа, ЛАГ Малеш-Пијанец и ЛАГ АБЕР 2015.