Фондацијата за поврзување на природни вредности и луѓе во соработка со МРР на РМ (Мрежа за рурален развој на Република Македонија) и АкРРа (Акција за рурален развој), на 10 април, во ЕУ Инфо центарот, го одбележаа отпочнувањето на проектот „Национален рурален парламент како глас на руралното население – НРП“.
Врз основа на претходно идентификуваните потреби и ограничувања на граѓанските организации од руралните области, проектот беше дизајниран да го зајакне влијанието на граѓанското општество врз локалните и националните политики поврзани со руралниот развој. Ова ќе се постигне преку зголемување на капацитетот на руралните граѓански организации за вмрежување и застапување, со цел да влијаат на процесите за донесување одлуки и да придонесат во стратешкото партнерство со локалните и националните власти.
Проектот НРП е 30 месечен проект финансиран од Европската Унија, а имплементиран од горенаведените три партнерски организации.
Активностите ќе вклучат 40 локални организации од руралните средини, просечно 5 граѓански организации во секој од 8-те плански ргиони во Македонија, вклучувајќи малцинства и повеќе етнички групи. Главниот метод за работа ќе биде обука, коучинг и практично учење. Овие методи ќе ги поттикнат руралните граѓански организации да бидат активно вклучени во процесите за донесување на одлуки и ќе го зајакнат нивниот глас во општеството.
Крајните корисници на проектот се луѓето кои живеат во руралните средини.
На крајот од периодот на имплементација, се очекува проектот да ги постигне следните 4 резултати:
- Зголемен пренос на знаење помеѓу руралните граѓански организации поврзано со предизвиците во руралните средини и донесувањето на одлуки;
- Изграден капацитет кај руралните граѓански организации (ГО) за водење на процеси за рурален развој;
- Развиени вештини за истражување и анализа кај руралните ГО;
- Олеснет ефективен дијалог помеѓу руралните ГО и локалната/ националната