“САЕМ НА МЕДОТ СТРУГА 2018”, традиционално ќе се одржи по четврти пат, во деновите од 03-05 август 2018г.,на Градскиот плоштад во Струга. На Саемот земаат учество голем број искусни и докажани пчелари од целата наша земја,како и пчелари од соседните земји Албанија,Србија и Бугарија,кои изложуваат мед и други пчелни производи.Тоа значи дека, овие денови,на ова место, ќе бидат понудени најквалитениот мед и пчелни производи од овој регион.
Саемот е една одлична можност пчеларите да го презентираат своето производство,а љубителите на мед да вкусат,да изберат и да се снабдат со врвни сорти на мед и врвни пчелни производи кои претставуваат здрава храна и лек за човечкиот организам. Исто така, Саемот е можност и за понуда на пчеларска опрема и други материјали за пчеларење,како и можност за размена на искуства и знаења меѓу пчеларите.
Воедно,Саемот придонесува за збогатување на туристичката понуда во Струга и можност за развој на руралниот туризам во Струшко.
Настанот се организира во рамките на проектот “ОРГАНСКА ФАРМА – Рурална кохезија за зголемен потенцијал на руралниот туризам и одржлив економски рурален развој”, имплементиран од Здружение Креативен центар РУРБАНКУЛТ-Струга и Здружение на пчелари МАТИЦА 2012-Струга. Проектот е поддржан во рамки на програмата за мали грантови на проектот “Национален рурален парламент како глас на руралното население”, спроведуван од ЦНВП, МРР на РМ и АкРРа, финансиран од Европска Унија.