Проектот „Национален рурален парламент како глас на руралното население – НРП“, финансиран од Европската Унија, во текот на мај/јуни, 2017 год. ќе организира 8 еднодневни средби за граѓански организации кои работат во полето на руралниот развој, во секој од планските региони на Р. Македонија.
Целта на овие средби е да се идентификуваат активните граѓански организации кои работат во полето на руралниот развој, да разменат искуства и да дискутираат за можностите како подобро да бидат вклучени во политиките поврзани со руралниот развој.
Двете први средби се закажани за:
- 30 мај, со почеток во 11:00 часот, во хотел „Гогов“, Пехчево. Средбата е наменета за граѓанските организации од Источниот плански регион (Берово, Виница, Делчево, Зрновци, Карбинци, Кочани, Македонска Каменица, Пехчево, Пробиштип, Чешиново-Облешево, Штип).
- 31 мај, со почеток во 11:00 часот, во хотел „Есперанто“, Струмица. Средбата е наменета за граѓанските организации од Југоисточниот плански регион (Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Гевгелија, Дојран, Конче, Ново Село, Радовиш и Струмица).
Врз основа на претходно идентификуваните потреби и ограничувања на граѓанските организации од руралните области, проектот „Национален рурален парламент како глас на руралното население – НРП“ е дизајниран да го зајакне влијанието на граѓанското општество врз локалните и националните политики поврзани со руралниот развој. Ова ќе се постигне преку зголемување на капацитетот на руралните граѓански организации за вмрежување и застапување, со цел да влијаат на процесите за донесување одлуки и да придонесат во стратешкото партнерство со локалните и националните власти.
Сите граѓански организации од горенаведените региони, кои се заинтересирани да учествуваат на некоја од средбите, Ве молиме да го пријавите вашето учество на: zg.akrra@yahoo.com
Ве очекуваме!