Повикот од Програмата за Мали Грантови објавен во рамки на проектот „Национален рурален парламент како глас на руралното население“, беше затворен на 15 април, 2018 год. Навремено беа доставени вкупно 44 проектни апликаци кои опфатија 88 граѓански организации кои работат во областа на руралниот развој.
По спроведената административна и квалитативна проверка на проектните апликации, тимот за евалуација ги селектираше највисоко рангираните 10 проекти кои ќе добијат финансиска поддршка од Програмата за мали грантови. Планираните активности во рамки на овие проектни иницијативи ќе бидат спроведени најдоцна до 31 декемви 2018 год. За реализација на 10-те селектирани проектни иницијативи, ќе бидат издвоени вкупно 3.684.000 денари од буџетот на проектот „Национален рурален парламент како глас на руралното население“.
Им честитаме на селектираните апликанти: