Фондацијата за поврзување на природните вредности и луѓето ЦНВП, во партнерство со Мрежата за рурален развој на Република Македонија и Акција за рурален развој, го спроведуваат проектот „ Национален рурален парламент како глас на руралното население “, во рамки на Програмата за Граѓанско Општество и Медиуми (Civil Society Facility and Media Programme) на Европската Унија. Проектот ја нагласува потребата за идентификација и вмрежување на граѓанските организации кои работат во руралните средини со цел подобрено пренесувањe на знаењето меѓу граѓанските организации поврзани со руралните предизвици и донесувањето на одлуки.
Преку ре-грантовата шема за финансиска помош во рамките на проектот „ Национален рурален парламент како глас на руралното население “ќе поддржиме проекти на граѓански организации активни во рурални средини. Ги повикуваме сите заинтересирани граѓански организации да ги достават своите иновативни предлог идеи.
Информативни состаноци
За сите заинтересирани кандидати, информативните состаноци, инфо денови, поврзани со овој повик, ќе бидат организирани на:
- 21 март во 11:00 часот, во хотел „Капри“, Битола,
- 23 март, во 11:00 часот, во ресторан „Грација“, Куманово,
- 26 март, во 11:00 часот, во ресторан „Принц“, Тетово,
- 28 март, во 11:00 часот, во хотел „Есперанто“, Струмица.
Во случај на потреба од дополнителни информации, прашања може да се праќаат по е-пошта на nrpsubgranting@cnvp-eu.org најдоцна до 08.04.2018 година, со назнака на е-пошта “Прашања за Повикот од Програмата Мали Грантови”. Договорниот орган нема обврска да дава појаснувања за прашањата добиени по овој датум. Одговорите ќе бидат дадени најдоцна до 11.04.2018 година.
Пријавите треба да бидат испратени по е-пошта на nrpsubgranting@cnvp-eu.org не подоцна од 15.04.2018 година, до 14:00 часот, со назнака (предмет) “Повик од Програмата за Мали Грантови”.
Документи за аплицирање:
- Упатство за апликанти
- Анекс 1 – Образец за пријавување
- Анекс 2 – План на активности
- Анекс 3 – Буџет
- Прашања и одговори
Ве очекуваме!
Тимот на „Национален рурален парламент како глас на руралното население“