Од 4 до 6 септември 2024, на Попова шапка, ја организиравме третата национална обука за одржливо земјоделство и рурален развој во рамки на проектот „Академија Од фарма до вилушка за зелен Западен Балкан“, финансиран од Европската Унија.
Богата и интересна дискусија беше поттикната од 15-тината присутни претставници на граѓанскиот сектор, Локалните акциски групи и земјоделски производители. Учесниците споделија знаења и практични искуства поврзани со агроекологијата, одржливото хортикултурно производство, органското земјоделство и циркуларната економија.
Атмосферата на обуката беше пријатна и продуктивна, со забележителна про-активност на учесниците и поттикнати иницијативи за заедничка соработка во насока на создавање одржливи прехрамбени системи и рурални заедници.

