На 20-ти и 21-ви мај, беше организирана втората национална обука за одржливо земјоделство и рурален развој во рамки на проектот „Академија Од фарма до вилушка за зелен Западен Балкан“, финансиран од Европската Унија.
 
 
 
Дводневната обука се одржа во Дојран и имаше за цел да сподели знаење со невладините организации поврзани со агроекологијата, одржливото хортикултурно производство, прифаќањето на органското земјоделство за одржливи системи за храна и примената на циркуларна економија во земјоделството. 15-те претставници на невладини организации и јавниот сектор, имаа можност да дискутираат и споделат знаења и исуства поврзани со темите, како и да споделат идеи и предлози за понатамошна соработка за постигнување на целите на проектот.
 
 
 
 
 
 
Настанот е дел регионалниот проект „Академија од фарма до вилушка за зелен Западен Балкан - Нашата заедничка европска иднина“ финансиран од Европската Унија и заеднички имплементиран од националните мрежи за рурален развој на шесте земји од Западен Балкан и Хрватска како и Балканската мрежа за рурален развој.