Име на проектот: Промоција на Бислимска Клисура „Дојдете!Видете!Уживајте! И зборувајте за убавините на Бислимска Клисура
Носител на апликацијата: Здружение на граѓани на Локална Акциона Група за Рурален Развој „ГЛАСОТ НА СЕЛОТО“
Партнер: Центар за рурален развој „БУЈРУМ“
Кратко резиме: Во рамки на проектот беше изработен документарен филм за Бислимската Клисура со наслов „Дојдете!Видете!Уживајте! И зборувајте за убавините на Бислимска Клисура“, чија промоција се одржа на 9 септември во Куманово. Проектната иницијатива имаше цел да го привлече вниманието на донаторите во регионот каде се протега оваа клисура и беше мотивирана од предходно изработени студии за Бислимската клисура кои индицираат дека овој природен феномен има потенцијали за економски развој на регионот.
Име на проектот: Руралниот туризам како можност за развој на заедницата и соработка
Носител на апликацијата:Здружение Центар за лековити билки и шумски плодови „АМБРОЗИЈА“
Партнер: Еколошко друштво „Солза“
Кратко резиме: Целта на проектната иницијатива беше да го подобри квалитетот на живеење во четирите општини – Пехчево, Берово, Делчево и Македонска Каменица, преку едуцирање на младите луѓе од регионот како да ги искористат локалните ресурси и да ги диверзифицираат економските активности. Проектните партнери организираа настан за вмрежување кој собра многу локални невладини организации, ракотворци, угостители, производители и претставници на локалната самоуправа, со цел да им помогне да ги споделат своите искуства и да воспостават подобра заедничка соработка во насока на поефикасно искористување на потенцијалите на микро регионот во развој на руралниот туризам.
Име на проектот: ЛИДЕР ФЕСТ 2015
Носител на апликацијата: Регионален центар за застапување Делчево
Партнер: Здружение Центар за лековити билки и шумски плодови Амброзија
Кратко резиме: Тридневниот настан „ЛЕАДЕР Фест 2015“ беше организиран од 2 до 4 јули во Делчево. Посетителите имаа можност да стекнат знаење и да споделат искуства во рамки на ЛЕАДЕР пристапот како мерка на ИПАРД програмата на ЕУ. Во рамки на настанот беше организирана културно – уметничка програма и теренски посети на добри практики и проекти спроведени во регионот. Фестивалот го посетија многу здруженија, општини, локални институции, заинтересирани страни од регионот на Пелагонија, Струмица и Брегалница, како и претставници на Чешката фондација „Спиралис“, две Локални акциски групи од Чешка и Европскиот економски и социјален комитет.
Настанот помогна да се промовира работата на субјектите вклучени во руралниот развој и локалната економија и да се стимулира поголемо вмрежување и мулти-секторска соработка.
По примерот на ЛЕАДЕР фестивалите организирани ширум земјите на ЕУ, партнерските организации одлучија да продолжат да го организираат настанот секоја година во различни општини на регионот Пијанец-Малеш.
Име на проектот: Промоција на потенцијалите за развој на руралниот туризам – РУРАЛНА СТРУГА
Носител на апликацијата:Здружение Креативан центар „РУРБАНКУЛТ“
Партнер: Здружение за еднакви можности ЕЗЕРКА
Кратко резиме: Главната цел на проектната иницијатива беше да се поддржи промоцијата и развојот на руралниот туризам во струшкиот регион, преку изработката на видео материјали кои ги презентираа природниите ресурси и убавини, традицијата, како и постоечките сместувачки капацитети во 5 села во околината на Струга (Вевчани, Вишни, Горна Белица, Радожда и Јабланица). Промотивниот настан кој се одржа на 19 септември во Струга, беше посетен од голем број на странски туристи, што го потврди нивниот интерес за овој тип на туризам и атрактивностите на руралните средини во околината на Струга.
Име на проектот: Промоција на Малеш преку културната традиција
Носител на апликацијата: Здружение на угостители, туристички работиници и занаетчии „Напредок“
Партнер: Центар за култура и информации „РАВЕН“
Кратко резиме: Проектните партнери ја спроведоа оваа иницијатива со цел да ја подигнат свеста за потребата од заштита и зголемување на бројот на Праменка, како автохтона домашна сорта и да ги мотивираат земјоделците и други ранливи групи од Малешевскиот регион да ја одгледуваат оваа сорта со цел да ја заштитат од исчезнување и да придонесат на зголемување на домашниот приход и целокупниот развој на регионот.
Име на проектот: ОРГАНИКА
Носител на апликацијата: Институт за развој на заедницата
Партнер: Здружение на жени фармери „МОЈА ФАРМА“
Кратко резиме: Целта на проектната иницијатива беше да се поттикне создавање на земјоделска задруга во рамки на општина Јегуновце којашто ќе работи на производство на здрава органска храна за да ја подобри понудата и да влијае на руралниот економски развој во оваа област. Двете организации ги затворија проектните активности со конференција на која беше покрената панел дискусија и чинителите имаа можност да споделат искуства и да ги презентираат своите органски производи.
Име на проектот: Рурален туризам одржлив развој
Носител на апликацијата: Здружение на производители на градинарски и цвеќарски видови ХОРТИ ЕКО
Партнер: Здружение на жени земјоделки ” АГРО-ВИНКА “
Кратко резиме: Двете партнерски организации работеа на собрање податоци за туристички атракции, сместувачки капацитети, рецепти за подготовка на традиционална храна и други локалитети во руралните средини околу Струмица и Виница. Како резултат на активностите, беше изработена интернет страница за промоција на ресурсите и традицијата на регионот.