Со цел да обезбеди континуитет на активностите од проектниот механизам, МРР обезбеди поддршка од компонентата за јакнење на капацитетите во рамки на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени. Во таа насока Мрежата објавува втор повик за поддршка на проектни иницијативи на своите организации – членки.

Секој предлог-проект треба да биде поднесен на Образец А – Образец за предлог проект, вклучувајќи го Образец Б – Буџет и Образец В – Изјава за партнерство, и сите потребни прилози. Бараните формулари се дадени во прилог.

Краен рок за поднесување на апликацијата е 30 април 2015 година, до 16:00 часот.

Образец А – Образец за предлог проект

Образец Б – Буџет

Образец В – Изјава за партнерство

Повик за проекти

Прашања и одговори за повикот

 

Одобрени проектни иницијативи од овој повик:

Благодарност до сите коишто аплициравте на Повикот за проектни иницијативи на членките на МРР, со референтен број 08-066/01

Беше донесена одлука за финансиска поддршка на следниве проектни иницијативи:

1. „Промоција на локалните капацитети со каталог на конзервирани прехрамбени производи “
Носител на апликацијата: Фондација за локален развој и развој на информатички технологии
Партнер: Здружение за едукација на деца и млади „Сложувалка“

2. „Промоција на Бислимска Клисура „Дојдете!Видете!Уживајте! И зборувајте за убавините на Бислимска Клисура“
Носител на апликацијата: Здружение на граѓани на Локална Акциона Група за Рурален Развој „ГЛАСОТ НА СЕЛОТО“
Партнер: Центар за рурален развој „БУЈРУМ“

3. „Руралниот туризам како можност за развој на заедницата и соработка“
Носител на апликацијата:Здружение Центар за лековити билки и шумски плодови „АМБРОЗИЈА“
Партнер: Еколошко друштво „Солза“

4. „ЛИДЕР ФЕСТ 2015“
Носител на апликацијата: Регионален центар за застапување Делчево
Партнер: Здружение Центар за лековити билки и шумски плодови Амброзија

5. „Промоција на потенцијалите за развој на руралниот туризам – РУРАЛНА СТРУГА“
Носител на апликацијата:Здружение Креативан центар „РУРБАНКУЛТ“
Партнер: Здружение за еднакви можности ЕЗЕРКА

6. „Промоција на Малеш преку културната традиција“
Носител на апликацијата:Здружение на угостители, туристички работиници и занаетчии „Напредок“
Партнер: Центар за култура и информации „РАВЕН“

7. „ОРГАНИКА“
Носител на апликацијата: Институт за развој на заедницата
Партнер: Здружение на жени фармери „МОЈА ФАРМА“

8. „Рурален туризам одржлив развој“
Носител на апликацијата:Здружение на производители на градинарски и цвеќарски видови ХОРТИ ЕКО
Партнер: Здружение на жени земјоделки ” АГРО-ВИНКА “