На 12 декември се одржа Годишното собрание на Мрежата за рурален развој на С. Македонија, оваа година по тринаесетти пат.
 
Повеќе од 30 претставници од организациите-членки на Мрежата разговараа за своите предизвици, успеси и планови за следната година. По обраќањата следеше настан за вмрежување за претставување на активностите и постигнувањата на организациите и можности за меѓусебна соработка.