Успешно заврши поставувањето на новото детско катче во општина Куманово. Оваа заедничка локална акција на заедницата предвидуваше опремување со реквизити за деца, нови клупи и корпи за отпадоци како и уредување на катчето со мурали со пораки за поголема сплотеност и меѓуетничка интеграција.
 
 
 
 
Оваа акција на заедницата е поддржана од општина Куманово, граѓански организации, локални бизниси заедно со Програмата на УСАИД за развој на заедницата, која ја имплементира Мрежата за рурален развој на СМ во партнерство со ЛАГ Абер 2015, како и Проектот на УСАИД Заедно за просперитетна заедница, имплементиран од Ромалитико.
 
 
 
 
Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).
 
Оваа вест е подготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на Мрежа за рурален развој на Северна Македонија и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.