Активностите за реализација на локалната акција на заедницата за енергетско ефикасно осветлување во градскиот парк во Делчево завршија.
 
Преку оваа локална акција се поставија 138 енергетско ефикасни светилки што ќе придонесат за намалување на потрошувачката на електрична енергија во овој дел од градот, како и нови канделабри, клупи и рефлектори за летната сцена во градскиот парк.
 
Локалната акција на заедницата е поддржана од општината, комуналното претпријатие, локални бизниси, граѓански организации како и Програмата на УСАИД за развој на заедницата која ја имплементираме во партнерство со ЛАГ Малеш-Пијанец.
 
 
 
 
 
 
 
Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).
 
Оваа вест е подготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на Мрежа за рурален развој на Северна Македонија и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.