Градежните работи се во тек за поставување калдрмисана патека во Ума која води од влезот на селото до центарот на ова населено место.

Оваа заедничка локална акција предвидува доизградба на дел од главната улица во традиционален стил – калдрма во должина од 185 метри како и поставување специјализирани станици – „боксови“ за одлагање и првична селекција на отпад и чистење на јавниот простор на влезот на Ума со трајно затворање на дивите депонии во селото.

Во согласност со целите на Програмата на УСАИД за развој на заедницата, во реализација на акцијата се вклучија повеќе локални чинители од различни сфери на делување со свој придонес кон развој и разубавување на селото Ума.

 

 

Имено, селото Ума се наоѓа во општина Гевгелија, која е дел од територијата на Локалната акциска група Бојмија.

Покрај вклученоста на локалниот партнер ЛАГ Бојмија, останатите локални чинители ги вбројуваат граѓански организации, општествено-одговорни компании од општина Гевгелија – ЗГ Мегленија, Вики компани ДООЕЛ, Конти – Хидропласт ДООЕЛ, Ампират инженеринг ДОО, РИ-НА КОМ ДОО, Стоун ФОРМ ДООЕЛ, ЈПКД Комуналец Гевгелија, ФЛОРИТ – Гевгелија и жителите на Ума.

Заедничката локална акција во селото Ума е првата реализирана акција од овој тип во рамки на Програмата на УСАИД за развој на заедницата.

 

Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).

Оваа вест е подготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на Мрежа за рурален развој на Северна Македонија и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.