На овогодинешниот Меѓународен ден на руралната жена ја споделуваме инспиративната приказна на Мирјана Дојранлиева од селото Ума во општина Гевгелија. Како членка на здружението Мегленија, нејзина пасија е помагање на својата заедница преку иницирање заеднички локални акции за создавање подобри услови за живот и вклучување на целата заедница.
 
 
 
 
Со Програмата на УСАИД за развој на заедницата, таа активно се вклучи во реализација и координација на локалната заедничка акција во Ума за чистење и трајно затворање на диви депонии во населеното место, доизградба на дел од главна улица и поставување на специјализирани „боксови“ за одлагање и првична селекција на отпад.
 
Дополнително, Мирјана даде придонес и ги покажа своите кулинарски вештини на дело со подготовка на традиционални и локални јадења на настанот за прослава по повод завршување на заедничката акција. Мирјана е една од многуте инспиративни жени од руралните средини кои ги поместуваат границите и се грижат за своите заедници да бидат просперитетни.
 
Програмата на УСАИД за развој на заедницата е имплементирана од Мрежата за рурален развој на СМ, во партнерство со 5 Локални акциски групи.
 
 
Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).
 
Оваа вест е подготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на Мрежа за рурален развој на Северна Македонија и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.