Потпишан меморандум за соработка за нова локална акција на заедницата во село Чифлик, Општина Пехчево.
Детската градинка ОЈУДГ „7 Септември“ - Пехчево, здружението „Едукативен центар за зачувување на природата“ - село Негрево, ЈКП „Комуналец“ - Пехчево и локалното население во претстојниот период ќе учествуваат во уредување на детско игралиште во селото Чифлик. Со тоа ќе се создаде простор каде младите ќе се рекреираат, социјализираат и спортуваат во безбедна и чиста животна средина.
Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата која ја имплементираме во партнерство со ЛАГ Малеш-Пијанец и останати четири Локални акциски групи.
Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).
Оваа вест е подготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на Мрежа за рурален развој на Северна Македонија и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.