Денеска во просториите на општина Старо Нагоричане се потпиша Меморандум за соработка за спроведување на заедничка локална акција на територијата на ЛАГ Абер 2015.

Благодарејќи на вклученоста на локалната самоуправа, приватниот и граѓанскиот сектор, жителите на Старо Нагоричане ќе може да уживаат и да се рекреираат на нов еко плоштад. Во реализација на оваа заедничка локална акција се вклучени општина Старо Нагоричане, ЈКП Козјак од Старо Нагоричане, проектантско биро СТАН АРТ, Здружение на граѓани ЕКО ТИМ, ФАМ инжинеринг и ДПП ЕВРОС комерц ДОО.
 
Проектната иницијатива е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, имплементирана од Мрежата за рурален развој на Северна Македонија во соработка со ЛАГ АБЕР 2015 и останати 4 локални акциски групи.
 
 
Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).
 
Оваа вест е подготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на Мрежа за рурален развој на Северна Македонија и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.