Претседателот на Мрежата за рурален развој на Северна Македонија и директор на Програмата на УСАИД за развој на заедницата, Петар Ѓоргиевски, потпиша Меморандум за соработка со Основно училиште со ресурсен центар „Иднина“ - Скопјe со цел поддршка на учениците со потешкотии во учењето и унапредување на инклузивноста и достапноста на образовниот процес за сите членови на локалната заедница.
 
По потпишувањето на Меморандумот, во рамки на Програмата на УСАИД за развој на заедницата, која ја имплементираме заедно со 5 Локални акциски групи, ги поддржавме активностите на училиштето за учениците со попречености кои ќе се одвиваат за време на летниот распуст. За непречено одвивање на овие активности, свој придонес ќе дадат и дел од останатите проекти на УСАИД од програмата „Local Works“.
 
 
 
 
Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).
 
Оваа вест е подготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на Мрежа за рурален развој на Северна Македонија и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.