Заедно со Општина Радовиш и локалните партнери, претставници од Мрежата за рурален развој на Северна Македонија беа дел од средбата за потпишување Меморандум за соработка за почеток на нова локална акција на заедницата во селото Калуѓерица. Оваа акција предвидува вклучување на фотоволтаична централа во снабдувањето на селото и јавното осветлување со постојана електрична енергија со што се решава голем предизвик на локалното население.
 
Покрај Програмата на УСАИД за развој на заедницата, оваа локална акција на заедницата е поддржана и од Проектот на УСАИД Заедно за просперитетна заедница, имплементиран од Институтот за истражување и анализа на политики - Ромалитико.
 
 
 
Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).
 
Оваа вест е подготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на Мрежа за рурален развој на Северна Македонија и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.