Жителите на Делчево со заедничката акција „Енергетски ефикасно осветлување на градскиот парк во Делчево" ќе решат значаен предизвик во својата заедница.
 
Денеска го формализиравме партнерството преку потпишување на Меморандум за соработка со Општина Делчево, Регионален центар за застапување Делчево, ЈКП Брегалница, Вел дарц ДООЕЛ Делчево, Брегал, Рома транс и Тренд ком и ЛАГ Малеш-Пијанец како локален партнер во имплементацијата на Програмата на УСАИД за развој на заедницата.
 
 
Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).
 
Оваа вест е подготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на Мрежа за рурален развој на Северна Македонија и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.