Со поддршка на Програмата на УСАИД за развој на заедницата, во Босилово ќе се отвори нов претшколски едукативен центар за претшколско образование и социјализација на најмладите.
Заедно со претставници од ЛАГ Беласица Огражден, денеска Претседателот на Мрежата за рурален развој на Северна Македонија и директор на Програмата за развој на заедницата го потпиша меморандумот за соработка со партнерите во спроведувањето на оваа локална заедничка акција - Општина Босилово, Рурален Центар Огражден, Студио ВиС и ООУ „Св. Кирил и Методиј“ - Иловица.
Веруваме дека со решавањето на овој локален предизвик ќе се зголемат можностите за образование и згрижување на децата како и за подобар квалитет на животот на жителите од општините Ново Село и Босилово.


Оваа активност е дел од Програмата на УСАИД за развој на заедницата, поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).
Оваа вест е подготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на Мрежа за рурален развој на Северна Македонија и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.